Во моментов е во тек заложничка криза откако затвореник кој издржува затворска казна во францускиот град Арл зароби и држи како заложници неколкумина вработени во затворот.
Осуденик кој ја издржува казната во затворот во Арл, заробил неколку медицински работници и чувари, пишуваат француските медиуми наведувајќи дека интервентните единици на полицијата се подготвени да интервенираат, пренесува Телеграф.
Затвореникот има ладно оружје и држи во заложништво неколку членови на затворскиот персонал, најмалку четворица медицински работници и еден чувар, пренесува порталот BFMTV.
Локалната полиција е распоредена на местото на настанот, а регионалните екипи за одговор се на пат.
Како што пишува весникот La Provence, затвореникот се заканува со рачно изработено сечило.
Според францускиот портал, властите ангажирале и членови на специјален, тактички полициски тим за вонредни ситуации.
„Ги мобилизиравме сите средства за да се справиме со тоа. Го следам развојот на ситуацијата во реално време“, уверува Џералд Дарманин, министер за правда на социјалната мрежа Х, поранешен Твитер.