Научниците со години предупредуваат дека зголемените температури на Арктикот ризикуваат детонација на „темпирана бомба“ на метан, или древни наслаги на стакленички гасови заробени во мраз.
Сателитските снимки од северен Сибир покажуваат дека огромни парчиња варовник, кои некогаш биле заробени под вечниот мраз, сега се одмрзнуваат и ѕиркаат на површината.
Кога варовникот се загревал за време на минатогодишниот топлотен бран што ја погоди сибирската област, тој почнал да пука и да испушта огромна количина метан што дотогаш не можела да стигне до нашата атмосфера.
„Интригантно е. Ако е вистина, тоа не е добра вест”, вели климатологот Роберт Макс Холмс од Центарот за истражување на климата Вудвел.
Откриле прво метан, а потоа од каде потекнува
Меѓународен тим научници откриле одмрзнат варовник на „обратен“ начин. Благодарение на технологијата за мапирање PULSE, експертите прво откриле алармантни емисии на метан преку сателитски снимки, па дури потоа сфатиле од каде точно доаѓа.
„Откривме дека двете издолжени области со зголемена концентрација на метан на картата ПУЛС совршено се совпаѓаат со двете траги од варовнички формации“, рече геологот Николаус Фројцхајм од Универзитетот во Бон, цитиран од Футуризам.
Холмс рече дека се уште потребни дополнителни истражувања пред да се крене голема паника. Но, додаде тој, ако се испушти целиот гас од вечниот мраз, тогаш нѐ чека катастрофална климатска промена.
„Она што навистина го знаеме е дека огромна количина јаглерод е заробена во вечниот мраз. И додека Земјата се загрева и вечниот мраз се топи, таа древна органска материја е достапна за микроорганизмите за микробиолошки процеси и ослободува СО2 и метан”, рече Холмс.
Студија наречена Methane release from carbonate rock formations in the „Siberian permafrost area during and after the 2020 heat wave“ е објавена во списанието „Proceedings of the National Academy of Sciences“