На имтото на Средното стручно општинско училиште „Киро Бурназ“ во селото Којнаре денеска беа закроени лозовите дрвца, со што традиционално се одбележа празникот Свети Трифун во присуство на наставниците, учениците, како и локалната самоуправа и свештениците.
Loading...
[huge_it_gallery id=”303″]
Директорката на земјоделското училиште вели дека овој празник е традиција откако во училиштето е засаден првиот лозов насад, кој претставува добра можност учениците да добијат повеќе практични знаења во рамките на земјоделско-ветеринарната струка.
Ние овој ден го празнуваме неколку години наназад, поточно го празнуваме од оној момент кога во нашето училиште засадивме лозов насад. За нашето училиште ова навистина претставува важен и убав ден кој постепено од година во година помина во слава на училиште и навситина ни е убаво кога на овој убав ден се собираат во аншето училиште не само наставниците и учениците кои секогаш се тука, туку и нашите гости коишто го почитуваат она што ние овде го работиме – истакна директорката.
Општинскиот советник и наставник во училиштето, Александар Арсиќ вели дека ова традиција е претворена во слава на училиштето, под покровителство на градоначалникот и Советот на Општина Куманово.
Од стручна гледна точка закројувањето на лозовиот насад претставува една прва операција од кога еве од 14-ти февруари се смета дека со закројувањето започнуваат понатамошните процеси на производство на грозје и вино. Денеска со ова традиционално закројување започнуваме да го формираме лозовиот насад, да добиеме квалитетен и квантитетен род, а исто така грозјето, листовите и лазарите да можеме да ги распоредиме правилно во редовите за да можат да добијат потребна количина на светлина, влага, но и квалитетно проветрување – вели Арсиќ.
За значењето на празникот Свети Трифун повеќе зборуваше портпаролот на Кумановско-осоговската епархија, Отец Игор Здравсковски.
Loading...
Инаку манифестацијата е традиционална и претставува заштитен знак на оваа училиште.