ЗАКОН КОЈ ЌЕ КРЕНЕ ПРАШИНА: Трудниците во иднина ќе се нарекуваат „трудни луѓе“

Сподели со своите пријатели

Причината за покренување на иницијативата е „заштита на правата на трансродовите лица кои ја задржале способноста за раѓање“.

Британија лобира во Обединетите нации во службените документи за човековите права да се користи изразот „трудна личност“, а не „трудница“ или „трудна жена“, затоа што во тој случај одредбите од документот не може да се применат во однос на трансродните лица.

По 12 години и 17 операции: Трансексуалец потрошил милиони за да изгледа како барбика (фото)

За да тоа се направи, потребно е да се промени Декларацијата за човековите права. Имено, според заговорниците на иницијативата, дури потоа може да се заштити бременоста кај жените кои во случај на промена на пол, како мажи, ја задржале можноста за раѓање. Во Велика Британија до денес се забележани само два такви случаи на бременост.

Се работи за права на трудница кои, на пример, не може да бидат подложни на смртна казна или други права. Меѓутоа, феминистките негативно реагираат на оваа иницијатива, затоа што според нивно мислење, ова е уште еден обид поимот жена да не се користи во документите.

После 19 години брак дознал дека неговата сопруга некогаш била машко

Претходно, служебната британска агенција за статистика одлучи во прашалникот за одговор по прашање на полот да вметне опција која додава клаузула за да се олесни животот на лица со интересексуална и небинарба припадност. Осве тоа, семејните лекари се упатени своите пациенти да ги замолат да им ја појаснат својата сексуална ориентација, за да бидат сигурни дека праведно ќе ги третираат.