Закажан почеток на судскиот процес за импичмент на претседателот на Јужна Кореја

Сподели со своите пријатели

Уставниот суд на Јужна Кореја го закажа почетокот на судскиот процес во врска со импичментот на претседателот Јун Сук Јеол за 14 јануари, соопшти денеска судот.

Loading...

Судот изјави дека Јун мора да присуствува на првото рочиште, додека второто рочиште е закажано за 16 јануари, во случај Јун да одбие да се појави на првото судење, пренесе Ројтерс.

Во меѓувреме, обвинителите го обвинија главниот воен командант на Јужна Кореја и началникот на специјалните сили за нивната наводна улога во воведувањето воена состојба минатиот месец.

Началникот на Генералштабот Парк Ан Су и началникот на командата на специјалните сили Квак Јонг Кеун беа обвинети за бунт и злоупотреба на моќта.

На 3 декември, Парк потпиша декрет за воена состојба, кој истражителите го сметаат за неуставен бидејќи вклучуваше забрана за сите политички активности.

Квак е обвинет дека испратил специјални сили во Собранието по наредба на Џун за да ја обезбедат зградата и да ги спречат пратениците да донесат резолуција со која се отфрла воената состојба.

Исто така, американскиот државен секретар Ентони Блинкен планира да ја посети Јужна Кореја на почетокот на следната недела, потврдија дипломатски извори. Оваа посета ќе биде прва посета на Блинкен на Сеул по импичментот на Јун.

За време на посетата Блинкен ќе се сретне со министерот за надворешни работи Чо Тае-Јул, а се очекува да се сретне и со јапонскиот министер за надворешни работи Такеши Иваја, кој во Сеул би допатувал на 13 јануари.

Loading...

Изворите потврдија и дека Сеул и Токио работат на организирање на трилатерален состанок на министрите за надворешни работи на Јужна Кореја, Јапонија и Кина, кој треба да се одржи следниот месец во Јапонија, како подготовка за самитот на лидерите на трите земји чиј домаќин ќе биде Јапонија.