Кинеската армија е подготвена да соработува со руската армија во зајакнувањето на стратешката комуникација и координација, соопшти денеска Министерството за одбрана во Пекинг.
Loading...
Беше наведено дека двете земји ќе соработуваат во спроведувањето на глобалните безбедносни иницијативи.
Портпаролот на кинеското Министерство за одбрана Тан Кефеи рече дека Пекинг и Москва ќе ја продлабочат воената доверба и заеднички ќе обезбедат меѓународна правда.
Тан рече дека двете армии ќе организираат заеднички маневри и воздушни патроли, пренесува Ројтерс.