Украинската страна прави сè за да го спречи мировниот процес во таа земја, додека Русија постојано докажува дека сака мир, изјави денес портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова.
Захарова изјави за радио „Спутник“ дека Русија докажала дека сака мир, додека, како што изјави, другата страна постојано, под различни изговори, објавува дека преговорите не се потребни.
Нова рунда преговори меѓу Русија, Соединетите Американски Држави и Украина за мировно решение започна вчера во Женева, а ќе продолжи и денес.

