Захарова: Советот на Европа одамна е пропагандна алатка на НАТО

Сподели со своите пријатели

„Советот на Европа одамна стана пропагандна алатка на НАТО“, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захаров.

– Одамна во Советот на Европа сѐ се претвори во прашина и гниење. Оваа организација стана само алатка на НАТО пропагандата и не грешам кога го велам тоа. Многупати сме зборувале за тоа – токму структурите на Алијансата и земјите членки на Алијансата преку соодветните механизми на НАТО во голема мера ги обликуваа прашањата што се разгледуваат во рамките на Советот на Европа – рече Захарова.

 

Кадиров му се закани на Маск: Не се натпреварувај со мојот претседател, нема да биде смешно

 

Таа посочи и дека Русија нема што да бара во Советот на Европа, додека таа организација постои во оваа форма.

– Ги презедовме потребните чекори и ги објаснивме. Во таков Совет на Европа каков што е во моментов, Русија нема што да бара – нагласи Захарова.

 

Американскиот Сенат го осуди Путин како воен злосторник

 

Според неа, кога се во прашање САД, тие ги потиснуваат спротивставените мислења во сите светски институции и се обидуваат да ги потчинат на нивните политички интереси. Тоа, како што додаде, се однесува и на настани од областа на спортот.