Русија се соочува со незабележан информативен тероризам од Запад, овој напад има за цел да ја дезинформира светската заедница, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.
„Треба да се соочиме со невиден информативен напад, информативен тероризам, кој ги засега не само медиумите, туку и сајбер опкружувањето, а кој доаѓа од Запад и кој, се разбира, се врши со користење на украинските ресурси и капацитети. Тие едноставно ја користат Украина и нејзината инфраструктура како алатка. Целта на тој напад е да се дезинформира светската заедница, да се дискредитираат руските акции“, рече Захарова на прес-конференција.
Таа рече и дека веб-страницата на Министерството за надворешни работи на Русија била изложена на невидени сајбер напади.