Русија ги презема сите неопходни мерки за да ја обезбеди безбедноста на нуклеарните постројки во Украина, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захаров.
„Бидејќи има развиена нуклеарна индустрија, Русија е целосно свесна за потенцијалните ризици за оваа инфраструктура и прави се за да обезбеди соодветна безбедност на украинските нуклеарни постројки“, нагласи Захарова, пренесува ТАСС.
ОВА Е ВОЈНА ВО ЕВРОПА: За прв пат се обрати сопругата на претседателот на Украина
Украинските власти не ги знаат нивоата на радијација во нуклеарната централа во Чернобил, бидејќи немаат информации што се случува таму откако беше окупирана од руски војници, изјави денеска министерот за енергетика Херман Халушченко.
Тој рече дека Украина исто така нема контрола врз она што се случува во окупираната нуклеарна централа Запорожје, каде, како што вели, се стационирани 400 руски војници, пренесува Ројтерс.
Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) вчера соопшти дека е прекинато далечинскиот пренос на податоците од безбедносниот систем за следење на украинската нуклеарна централа во Чернобил.