Захарова: Ова не е почеток на војна, туку обид да спречиме глобална војна

Сподели со своите пријатели

Официјалната претставничка на руското МНР, Марија Захарова, коментирајќи ја ситуацијата со Украина, изјави дека ова не е почеток на војната, туку обид да се спречи глобална војна.

Loading...

– Ова не е почеток на војна. Прво, ова е многу важно. Нашата желба да го спречиме развојот на настани кои би можеле да се претворат во глобална војна. И второ, ова е крајот на војната – рече таа на каналот НТВ.

Да потсетиме, претседателот на Русија, Владимир Путин синоќа во специјално обраќање до граѓаните на Русија соопшти дека донел одлука да започне специјална воена операција во Донбас.

Шефот на државата посочи дека руските планови не вклучуваат окупација на Украина. Путин ги предупреди и сите оние кои евентуално би можеле да се мешаат во ситуацијата во Украина.

– Сега неколку многу важни зборови за оние кои би можеле да бидат во искушение да се мешаат во настаните што се случуваат: кој ќе се обиде да нѐ попречи, згора на тоа, да создаде закани за нашата земја и народ, треба да знае дека одговорот на Русија ќе биде веднаш и дека ќе ве доведе до такви последици со кои никогаш не сте се соочиле во вашата историја – истакна Путин.