Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, изјави денеска дека Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) ја продлабочува поделбата во Европа, тврдејќи дека ќе започне со подготовка на Украина за прием во ЕУ и НАТО.
Захарова истакна дека ОБСЕ сега го заобиколува мислењето на Русија и Белорусија, „назначува“ непознати претставници и го продлабочува раздорот на европскиот простор, играјќи во корист на милитаристичките блок-структури во кои не се вклучени мнозинството членки на ОБСЕ, објави Риа Новости.
„Да ве потсетам дека буквите „S“ и „C“ во кратенката ОБСЕ (OSCE) значат „безбедност“ и „соработка“ – каде се тие сега? „Западот се обидува да ги реинтерпретира тие термини како „лудило“ и „самоубиство““, заклучи таа.
Како што беше наведено претходно, специјалниот претставник на ОБСЕ за Украина, Петр Мареш, изјави дека организацијата ќе започне со подготовка на Украина за прием во ЕУ и НАТО, пренесува Танјуг.
„Нема да им испраќам Ф-16, тенкови Абрамс или ракети, но ќе ги подготвам за идното партнерство на Украина и членството во ЕУ и НАТО – тоа се моите задачи“, рече Марез.