Захарова: Москва ќе одговори на протерувањето на руските дипломати

Сподели со своите пријатели

Москва адекватно ќе одговори на протерувањето на 30 руски дипломати од Италија и 15 дипломати од Данска, изјави денеска за ТАС С портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

Loading...

„Русија ќе даде соодветен одговор на протерувањето на дипломатите“, рече Захарова.

 

Велика Британија објави нова мапа на руски напади

 

Според портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, против вработените во надворешните претставништва на Данска ќе бидат преземени соодветни мерки.

Претходно денеска, италијанскиот министер за надворешни работи Луиџи Ди Мајо изјави дека земјата протерала 30 руски дипломати поради безбедносни причини.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Лукашенко предупредува: Напад на Белорусија значи почеток на Трета светска војна!

 

Loading...

 

Кличко побара Европа да ги прекине трговските врски со Москва

 

Исто така, шефот на данската дипломатија претходно денеска соопшти дека земјата одлучила да протера 15 руски дипломати по извештајот за пронаоѓање масовни гробници и убиства на цивили во украинскиот град Буча.

Тој посочи дека протераните руски дипломати се занимавале со разузнавачки активности и потврди дека мора да ја напуштат земјата во следните 14 дена, објави претходно ТАС С.