Русија најостро ги осудува плановите на САД за испорака на противтенковски системи „Јавелин“ на Косово, бидејќи тоа го поткопува преговарачкиот процес меѓу Белград и Приштина, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова.
„Зборуваме за какви било обиди за вооружување на илегалните паравоени структури на Приштина. Неодговорноста и непочитувањето на меѓународното право и одредбите од резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН, прикажани од Вашингтон и неговите сојузници, го поткопува процесот на преговори за прашањето за Косово и го зголемува ризикот од дестабилизација како во самата покраина, така и во балканскиот регион“, додаде Захарова, а пренесува „Риа Новости“.
Претходно, американскиот Стејт департмент одобри можната продажба на ракетите Javelin на Косово во вредност од 75 милиони долари, објави Агенцијата за безбедносна соработка на Пентагон.