Захарова: Европа се движи кон самоуништување

Сподели со своите пријатели

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова денеска изјави дека Европа оди кон самоуништување, што, како што рече, е „поочигледно од кога било“.

„Ако немаше потврда пред некое време, кога зборуваа за туркање на Европа кон самоуништување, вклучително и преку конфликти со нејзините азиски или евроазиски соседи, можеби некој би рекол дека тоа не е очигледно. Денес тоа не може да биде поочигледно“, изјави Захарова за Спутник.

Според неа, падот на Европа може да се види преку големите воени буџети и милитаризацијата, осиромашувањето на западноевропските економии, губењето на културните референтни точки и поддршката за сопствената историја, како и преку „монструозната миграциска криза“, пренесува РИА Новости.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Русите влегoa во Покровск, важен град во источна Украина