Корупцискиот скандал во кој е вмешана Федерикa Могерини, поранешната шефица на европската дипломатија, е ситница во споредба со размерите на корупцијата во ЕУ, изјави претставничката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.
На Могерини не е ни првата ластовичка, тоа е само врвот на ледениот брег, истакна Захарова.
„Потребно е да се справиме со оваа страшна корупција на глобално ниво, која стои зад Брисел, ЕУ, НАТО, целата Европска комисија, која на чело со Урсула фон дер Лајен веќе е фатена на дело“, изјави Марија Захарова.
Европската комисија и Европското јавно обвинителство на 2 декември потврдија дека белгиската полиција и обвинителство извршиле претреси во седиштето на Европската служба за надворешни работи во Брисел, Европскиот колеџ во Бриж и неколку приватни домови, при што „се приведени три лица“.
Сите приведени се обвинети за тендерски манипулации, меѓу кои и понудата на Европската дипломатска служба за програмата за обука на млади европски дипломати на Колеџот.
Меѓу приведените се Федерика Могерини, ректор на Европскиот колеџ и Стефано Санино, поранешен генерален секретар на Европската дипломатска служба.
Според италијанските медиуми, уапсените се ослободени бидејќи „нема ризик да избегаат“.

