Иако Западот, особено САД и Велика Британија, со денови инсистираа дека на 15 или 16 јануари ќе започне наводната руска инвазија на Украина, тоа не се случи, а портпаролката на руското МНР Марија Захаров не ја пропушти можноста да коментира за тоа со доза на иронија.
Таа утрово најпрво го објави следниов коментар на нејзиниот канал на Телеграм:
– Барање за медиумите на САД и Велика Британија – „Блумберг“, „Њујорк тајмс“ и „Сан“ да ја објавуват табелата на нашите „инвазии“ за претстојната година. Би сакале да планираме одмор.
Во меѓувреме во официјална посета на Москва допатува и бразилскиот претседател Жаир Болсонаро.
Тој ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, а најпрвин во Министерството за одбрана имаше средба со министерот Сергеј Шојгу и министерот за надворешни работи Сергеј Лавров.