Захарова: Брисел ги уценуваше молдавските гласачи

Сподели со своите пријатели

Брисел отворено се мешаше во внатрешните работи на Молдавија и финансиски ги уценуваше молдавските гласачи за време на парламентарните избори во земјата, изјави официјалната претставничка на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, пренесува Спутник.

Таа нагласи дека за време на нивните посети на Кишињев пред изборите, европските политичари и функционери отворено водеа кампања за партијата „Акција и солидарност“ и ја поврзаа нејзината победа со продолжувањето на финансиската поддршка за републиката.

„Грубата финансиска уцена на молдавските гласачи е очигледна“, истакна таа, нарекувајќи ги постапките на Брисел отворено мешање во внатрешните работи на Молдавија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Утре, неформален самит на ЕУ и европската политичка заедница во Копенхаген

На парламентарните избори во Молдавија, прозападната владејачка партија на претседателката Маја Санду и опозицијата, која се состоеше од неколку партии кои се залагаа за соработка со Русија, добија речиси еднаков број гласови.

Победата на владејачката партија беше обезбедена со гласови од странство на гласачките места во Европа.