Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи на денешната прес-конференција во Москва утврди дека Америка крие биолошко оружје во Украина.
Амнести: Рускиот воздушен напад врз Чернихив може да биде воено злосторство
Марија Захарова ги повикува САД да откријат детали за биолошката програма, тврдејќи дека видела документи кои ги поткрепуваат тврдењата и дека Американците кријат биолошко оружје во близина на руско-украинската граница.
Таа тврди дека програмата ја води директно Министерството за одбрана на САД.
Украинските воени сили објавија видео: „Јавелин ракета и руски тенк. Прекрасно гори!’ (ВИДЕО)
Захарова ги коментираше и преговорите со Украина и рече дека на сите ќе им биде подобро доколку се постигнат резултатите од мировните преговори.
Таа, исто така, рече дека се надева на позначајни чекори напред во следната рунда разговори.