Припадниците на безбедносните служби кои загинаа бранејќи ја државата на Република Македонија во конфликтот во 2001 година, но и осумте полициски службеници кои го загубија животот на 9ти мај пред две години во Диво насеље ќе добијат наскоро спомен обележја во Куманово.
Градоначалникот на Општина Куманово денеска изјави дека има иницијативи од невладини организации за поставување споменици, а локалната самоуправа ќе ги поддржи сите иницијативи, како со локации, така и со финансиска поддршка.
Отпочнуваме со изградба на новит парк во близина на затворнеиот градски базен, таа процедура е отпочната преку регионот, таму имаме место да поставиме спомен обележја. Таа комуникација помеѓу невладините организации каде членуваат дел од семејствата на загинатите борци, идејните борци кои ги прават некои уметници ќе дозволиме локациски улосви и врз основа на буџетот за партиципирање на невладините организации и граѓански здруженија, финансиски ќе помогнеме за изградба на овие обележја. Мислам дека тоа е единствениот пат како да се направи сета оваа процедура, а да не се наруши хомеостазата на етничкиот соживот во Куманово и Република Македонија. Се надевам дека во скоро време ќе имаме идејни решенија кои ќе бидат дел од локациски услови, дозволи за поставување на спомен обележја, Куманово и Советот на општината се расположени да ги поддржат овие проекти на граѓанскиот сектор – изјави Дамјановски.
Тој најави дека ќе бидат поставени два одделние споменици, еден за бранителите од 2001 година, а другиот за полициските службеници кои загинаа во Диво насеље.
Според Дамјановски, меѓуетничките односи во градот не се нарушени и народот става приоритет на демократските слободи и правната држава.

