Загинаа двајца Канаѓани кои се бореле на страната на Украина

Сподели со своите пријатели

Двајца канадски државјани, кои им се приклучиле на вооружените сили на Украина, биле убиени за време на конфликтот во Артјомовск на истокот на земјата минатата недела, објави денеска канадскиот канал CTV.

Loading...

Станува збор за 27-годишниот Кајл Портер од Алберта и 21-годишниот Кол Зеленка од Онтарио. Според извештајот, Канаѓаните биле членови на 92-та механизирана бригада на украинските вооружени сили.

Канадската телевизија наведува дека тие со денови го бранеле Бахмут, а загинале во бункерот при артилериско гранатирање.

Зеленко и Портер беа единствените канадски државјани во нивната единица.

Канадското Министерство за надворешни работи се уште не ја потврди информацијата за нивната смрт.

Артјомовск е град во делот на самопрогласената Доњецка Народна Република (ДНР) кој е под контрола на Киев и е еден од стратешките градови за кои се борат украинските и руските сили, пренесува Танјуг.