Загина градежен работник од Куманово

Сподели со своите пријатели

Шеесет и тригодипен кумановец вчеравечер починал откако околу пладне се здобил со повреди додека извршувал градежни работи.

Loading...

– На 29.02.2024 во 23.05 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „8 Септември“ било пријавено дека околу 12.00 часот кај нив со тешки телесни повреди бил донесен Ч.В.(63) од Куманово, кој во 22.00 часот починал, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување на градежни работи на подрачјето на Чаир.

По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.

– Се работи на расчистување на случајот, додаваат од МВР.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Дејан Јовановски нов член на Советот на Општина Куманово

Никола Ивановски