Научниците од Универзитетот во Оксфорд можеби најдоа начин да го намалат загадувањето на воздухот.
Тие успеале да претворат јаглерод диоксид (СО2) во гориво со нула емисии на токсични гасови.
Техниката се состои од загревање на мешавина од лимонска киселина, водород и катализатор составен од жива, манган и калциум, со цел да се претвори СО2 во течно гориво за погонски авион, пишува Енгаџет.
Таквиот пристап е евтин, едноставен и ги користи материјалите што ги има во изобилство и е значително поевтин од процесот на претворање на водород и вода во гориво.
Горивото во моментов се произведува само во лабораториски услови и во минимални количини (само неколку грама), но тоа претставува голем напредок во производството на горива што не ја загадуваат животната средина, се наведува.
Се разбира, комерцијалната употреба бара многу работа и подобрување на техниките и процесите.
Во моментов, сè уште не е пронајден начин за ефикасно собирање огромни количини на јаглерод диоксид.
Научниците бараат индустриски партнери, што ќе им овозможи масовно производство. Ако успеат во тоа, ќе добијат друга алтернатива што ќе биде исклучително популарна за авиокомпаниите.
Авионскиот сообраќај полека преминува кон почисти извори на енергија, а многумина исто така планираат да купат електрични авиони или авиони што користат друг вид на гориво.
Предноста на овој метод е што не е потребно да се менува авионот бидејќи постојните мотори можат да користат гориво базирано на СО2.