На секое дете кое се раѓа во денешно време животниот век во просек ќе му биде скратен за 20 месеци поради загадувањето на воздухот, наведува организацијата „Health Effects Institute“.
Во студија направена за аерозагадувањето се наведува дека тоа е причина за барем еден смртен случан на секои десет во 2017 година.
Загадувањето на воздухот е поопасно од маларија или собораќајни несреќи, се наведува во студијата на инстутот објавена во „Гардијан“.
Според научните проценки, на југот на Азија на децата животот во просек ќе им биде скратен за 30 месеци, а во Подсахарска Африка за 24 месеци.
Високата стапка на загаденост на воздухот доаѓа од сообраќајот и индустријата, а воз атвореи простории причината е погрешниот начин на готвење, без циркулација на воздухот.
И повозрасните ќе имаат скратен животен век поради лошиот воздух.
Лицата постари од 50 години се скоро девет од десет смртни случаи кои можат да се препишат на загадениот воздух.
Според резултатите на студијата, загадувањето на воздухот предизвикало 41% од гловалните смртни случаи од хронична болест на бели дробови, а 20 отсто од дијабетес тип два, покрај ракот на белите дробови, срцеви болести и мозочни удари.