Заев: СДСМ за викенд ќе ги објави кандидатите за нови министри во техничката влада

Сподели со своите пријатели

Раководството на СДСМ, предводено од претседеталот Зоран Заев, денес присуствуваа во работна посета на Штип каде беше одржана и прес конференција, информираат од Центарот за комуникации на СДСМ.

Loading...

Zaev_Stip 4

Заев од Штип најави дека во текот на викендот ќе почнат да се објавуваат имињата на личностите кои ќе бидат предложени за министри и заменици министри во новата техничка влада.

– Најверојатно, овој викенд ќе почнеме да ги отвораме кадровските решенија. Секако имаме плејада на наши кадри и гледаме да бидат луѓе на кои пред сè им е интересот на Република Македонија, каде што ќе можат да дадат придонес во овој политички тријар отворен во Македонија, како причина за разрешување на сите отворени проблеми во државата, а конечна цел добра иднина на нашата земја. Секако, посебно внимание ќе посветиме на изборот на кадарот на министер за внатрешни работи. Се работи за наше целосно решение, предлог на опозицијата, но треба да биде професионалец-експерт. Тоа значи technical appointment, а тоа значи дека некој од нашите први докажани сопартијци  не можат да ја обавуваат оваа функција иако имаме, исто така, плејада на кадри за оваа работа, но така е по договор и така ќе го испочитуваме, знаејќи го начинот, како новиот министер професионалец-експерт, пополека ќе навлезе во институциите по вертикала како единствен можен начин да бидеме гарантор на фер, регуларнии демократски избори, токму преку вака специфично министерство, селектирано, за да биде во рацете на опозицијата, а тоа е Министерството за внатрешни работи, изјави Заев. 

Заев на денешната прес конференција додаде дека според СДСМ, а во делот на преговорите,  некој, пред сè претставниците на власта, изнаоѓаат милион причини да ги заобиколуваат решенијата, да изнаоѓаат други решенија и да не ги исполниме термините.

Ќе потсетам дека договорот од 2-ри јуни а конечно и од 15 јули, стојат рокови, крајот на јуни, крајот на август, коишто мораше да бидат испочитувани. Заради пролонгирањето од 2-ри јуни до 15-ти јули, еве и овие 15 дена да ги вкалкулираме, доаѓаме до 15-ти октомври а сепак роковите не се постигнати. Требаше ДИК целосно да се реорганизира, со комплетни надлежности и веќе да има започнато процеси. Моравме да знаеме кој ќе биде начинот за ревидирање на Избирачкиот список, моравме да ги знаеме промените во избирачкото законодавство, во медиумите, изјави Заев

 

 

Loading...