-СДСМ нема да учествува на нерегуларни избори, какви што ќе бидат тие на 5 јуни, ниту такви избори ќе дозволи, соопшти претседателот на СДСМ, Зоран Заев на денешната средба со амбасадорот на Кралството Холандија во Република Македонија, Ваутер Пломп.
Тема на состанокот беше актуелната политичка криза во Македонија, усложнета со едностраната одлука на власта за одржување избори на 5 јуни и апсурдната одлука на Ѓорѓе Иванов за аболиција на криминалниот врв на власта.
Заедничка е констатацијата дека погазувањето на Договорот од Пржино, чијашто цел се фер и регуларни избори, ја носи земјата кон ризични и многу штетни последици по Република Македонија и нејзините граѓани.
Во Македонија се можни само регуларни избори, со прочистен Избирачки список и медиумски реформи, рече Заев.
Одлуката за аболиција на криминалците од власта на Ѓорѓе Иванов, како што велат од СДСМ, е оценета како упад во правниот поредок на ниво на државен удар, поради што мора да биде повлечена, а Ѓорге Иванов мора да си замине од функцијата, порачуваат социјалдемократите.