Претседателот на СДСМ Зоран Заев денеска побарал од претседателот Стево Пендаровски на лидерската средба, шефот на државата да започне процедура за свикување на Собранието и Владата да прогласи вонредна состојба.
Loading...
Како што рече Заев, со Устав се пропишани слободи и права на граѓаните кои можат да се ограничат со вонредна состојба, а ситуацијата го бара тоа.
Од друга страна, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски бара да се прогласи кризна состојба на територијата на целата држава и не се согласува со барањето на Заев.
Претседателот Стево Пендаровски денеска ќе има средба со соодвени експерти, пред да ја донесе конечната одлука.
Никола Ивановски