Заев и Димитриевски на увид во изградбата на инфраструктура во кумановско Новине и Речица (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Индустриската зона Новине и Речица во Куманово деновиве ја добива својата инфраструктура, а денеска увид на градежните активности извршија премиерот Зоран Заев, градоначалникот Максим Димитриевски и министерот Оливер Спасовски.

Loading...

Како што истакнаа преимерот Заев ова е една од најдобрите зони во државата, затоа што тука се вкрстуваат коридорите осум и 10. Во инфраструктурата, Владата помогна на Општина Куманово со 24 милиони денари, а помош надлежните најавија и за потенцијалните инвеститори.

– Ние ќе продолжиме да ја следиме општина Куманово, нејзините планови за развој на оваа зона, како ќе бидат подготвени другите проекти, со претставниците на Куманово во парламентот и владата и директно мое вклучување и во соработка со градоначалникот и советот на општината, но и со деловните луѓе преку Коморите ќе определуваме и алоцираме останати средства за да се развива зоната, но секако оваа примарна инфраструктура треба да привлече следен чекор, а тоа е купување парцели за веднаш потоа да ги следиме со развој на инфраструктурата која е неопходна за да можат да продолжат инвестициите, изјави премиерот Зоран Заев.

 

 

Иако кризата е пред нас, доаѓа добро време, вели Заев, бидејќи има мерки за реализација на идните изнис активности. Премиерот испрати порака до стопанствениците да ја искористат можноста и да обезбедат парцела во оваа индустриска зона со цел да ги развиваат своите бизниси.

– Секој кој ќе инвестира има буквално можност до 50 отсто да добие поддршка ако е во технолошките индустриски развојни зони, а секако директна помош и поддршка за вакви индустриски зони во државата, тоа значи од јавно објавените критериуми, согласно законот за поддршка на инвестиции, согласно Фондот за иновација и технолошки развој, во зависност дали има технолошки развој или иновативност во самата можност. Ќе развиеме други алакти кои се важни за деловните луѓ. Во однос на државата, владините институции се тука да помогнат и охрабрат инвестициони активности. Јас верувам дека можност за секој да влезе државата да го помогне да повлече кредити, сопствени средства и да развие свои деловни активности во оваа земја, изјави Заев.

Loading...

 

 

Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски истакна дека основната инфраструктура се гради со средства добиени од Владата. Тој посочи дека преку јавни набавки е направена заштеда од три милиони денари, кои повторно се инвестирани во самата зона.

– Постигнавме заштеди од над 3 милиони денари во тендерската постпка и токму тие три милиони денари денеска се инвестираат како заштеда во оваа индустриска зона. Во моментот правиме план да излеземе и да ги дадеме парцелите на јавно наддавање со цел да се овозможи и на домашните стопанственици првенствено, а потоа и незагадувачка индустрија, изјави Димитриевски.

 

 

Loading...

Кумановскиот градоначалник им се заблагодари на инвеститорите кои веќе инвестирале во зоната, а ги охрабрува останатите стопанственици да го следат нивниот чекор.

 

 

Инаку, станува збор за индустриска зона сместена на три километри од српската граница, која се протега на 64 хектари и има 51 локација за потенцијални бизнис инвестиции.

 

 

Loading...

Никола Ивановски

Leave a Reply