Заедно со младите за подобра енергетска ефикасност (фото)

Сподели со своите пријатели

Здружението на граѓани „Доверба“ од Куманово спроведува обука со млади од општините од свереоисточниот регион,Куманово,Крива Паланка,Кратово и Старо Нагоричане за подобрување на енергетската ефикасност.

Проектот „Заедно со младите за подобра енергетска ефик има за цел да ја зголеми свесноста кај младата популација за преземање мерки за зголемување на енергетската ефикасност во домовите и во општините од каде доаѓаат младите.

Вчера и денеска се оддржуваат обуки со младите.Ова е само дел од активностите кои се предвидени во проектот кој што има за цел да ја зајакне свеста кај младите за климатските промени и потребата од зголемување на енергетската ефикасност и да ги мотивира самите,преку примерите кои тука се објаснуваат да се применат практично,во општините и во домовите – изјави, Ивана Јанковска, прокетен коориднатор.

gnngfngf

Loading...

 

Предавањата ги спроведуваат стручни лица од Македонија и Холандија.Состојбата со енергетската ефикасност во Македонија со новите згради, посебно во станбениот сектор е значително подобрена.

Во однос на старите градби,постои можност и потенцијал за подобрување на енергетската ефикасност,но важно е дека тоа се дискутира и постои свесност за потребата од зголемување на енергетската ефикасност – изјави, Лук Ван Горп, предавач од Холандија.

1515

 

Учесниците од Куманово и Кратово,Мартин Милошевски и Ивана Андоновска сметаат дека програмата која се предава е применлива во однос на зголемувањето на енергетската ефикасност во семејните домови и во домовите.

Проектот предвидува и супервизорскасредба која ќе се оддржи,во ноември и финална дебата која ќе се реализира во декември на која, младите ќе ги споделат научените мерки за зголемување на енергетската ефикасност  со заинтересираните субјекти од Куманово и соседните општини.

Проектот е поддржан од Владата на Македонија.