Заедно да ја озелениме Студена вода, повикуваат планинарите од ЗПЗП „Козјак 2013“

Сподели со своите пријатели

По повод 11 Ноември, Денот на ослободувањето на Куманово, Планинарското друштво „Козјак 2013“ на 9.11.2019, сабота, ќе организира пошумување и рекреирање над месноста Студена Вода, во селото Доброшане во што ќе можат да учествуваат сите еколошко свесни планинари и граѓани кои сакаат да допринесат за квалитетот на животот во градот и околината.

Loading...

Како што информираат од ЗПЗП „Козјак 2013“, тргнувањето ќе биде во 8 часот на булеварот „Октомвриска револуција“ пред гостилницата „Жмара“ со обезбеден превоз по симболична цена, а пријавувањето е до четврток во 15 часот.

– Сите дополнителни информации можете да ги добиете на телефоните за контакт: Ангела 078 200-450 , Марјан 071 387-227 , на фејсбук страната на друштвото или на електронската адреса на друштвото – [email protected], велат од „Козјак 2013“.

Leave a Reply