Забраната за мобилни телефони и други електронски уреди во холандските училишта ја подобри концентрацијата на учениците, според студија нарачана од холандската влада.
Три четвртини од 317 средни училишта кои беа дел од ова истражување изјавиле дека забраната имала позитивен ефект врз концентрацијата на учениците.
Покрај тоа, речиси две третини забележале подобрување на социјалната клима во нивните училишта, а една третина забележале подобри постигнувања на учениците.
– Помалку одвлекувања на вниманието, поголемо внимание на часот и повеќе друштвени ученици. Фактот дека повеќе нема мобилни телефони во училницата има позитивни ефекти. Одлично е што училиштата придонесуваат за ова прашање – изјави државниот секретар за основно и средно образование Мариел Пол.
Забраната стапи на сила од 1 јануари 2024 година и важи и за основните училишта.