Забрана за пушење и на терасите и летните бавчи од угостителските објекти

Сподели со своите пријатели

Терасите и летните бавчи на угостителските објекти во кои до пред некој ден можеше да се запали цигара веќе заминува во минатото. Неколку дена инспекциските служби на терен ги чешаат објектите и во Куманово, но и низ целата држава.

Според законот од 2.000 до 4.500 евра е казната за правно лице коие ќе го прекрши законот за забрана за пушење, а од 500 до 1.000 евра за одговорното лице во правниот субејкт.

Угостителите сметаат дека оваа забрана е неправедна, бидејќи терасите не влегуваат во затворениот дел на објектот, иако се оградени со најлон или стакло. Според нив во затворениот дел на објектот се почитува забраната за пушење и истата не треба да важи и за терасите.

За угостителите ова ќе значи сериозен удар  врз нивните приходи, а од друга страна граѓаните кои конзумираат цигари велат дека ваквата одлука е дискриминаторска и на минусни температури ќе мора да излегуваат на отворено.

Во кумановските кафе-барови каде во летните бавчи не беше забрането пушењето веќе неколку дена пепелниците ги нема на масите.