Апликацијата за социјални медиуми ТикТок во кинеска сопственост ќе биде забранета за телефони што ги користат владините министри и државните службеници во Велика Британија, јавува Би-Би-Си.
Кабинетот на министерот за меѓувладини работи Оливер Дауден ќе им се обрати на пратениците подоцна.
Официјален коментар нема, но се очекува министерот Дауден да ја потврди забраната на кинеската апликација на сите уреди.
ТикТок се соочи со обвинувања за предавање кориснички податоци на кинеската влада. Компанијата остро го негираше ова.
Британскиот Национален центар за сајбер безбедност размислуваше дали на ТикТок треба да му се забрани пристап до владините телефони, а владата е под притисок од законодавците да ги следи САД и Европската комисија во забраната на апликацијата.
Канада и Белгија веќе презедоа слични чекори.