Заборавила маска за во маркет, па на носот си ги ставила гаќите (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Жената во супермаркет, која првично влегла без маска, е снимена како ги соблекува гаќичките под фустанот и ги става на лицето.

Loading...

Неидентификуваната дама првично била предупредена дека не носи заштитна маска и да го напушта објектот, а таа наместо тоа ги соблекла гаќичките и ги завиткала околу главата. Настанот се случил во Јужна Африка.

Целото видео е објавено на Фејсбук.

Другите граѓани кои купувале во супермаркет биле во шок, а на снимката се слуша едно лице како и честита за снаодливоста.

„За мене ова е легитимно. Бактериите од гаќичките се помалку опасни од коронавирусот“, вели непозната личност на видеото.

Коментарите на Фејсбук не се толку полни со разбирање.

„Мене ми е лошо од ова. Таа не требало да биде во продавницата без маска“, гласи еден од нив.

Слични работи се случија во Даблин, кога маж во јавен превоз го завитка лицето со панталони, а една жена во Киев исто така стави долна облека по лицето.

Loading...

 

Leave a Reply