Заборавете на Северина: Забрана за емитување и на хрватска музика

Сподели со своите пријатели

По забраната за емитување македонска, српска, црногорска и словенечка музика на телевизиите и радио станици во државава, цензурата се шири и на хрватската музика, откако сродното здружение на ЗАПМ од Хрватска се приклучи на ваквата одлука, па така од понеделник нема веќе ни Северина да ни пее во етерот.

Од блиску ги следиме настаните во Вашата земја и би сакале да ја изразиме нашата загриженост во однос на тоа дека континуитетот на авторската заштита во Македонија еставен во ризик, со штетни последици врз авторската заштита и на штета на вредноста на музичките дела на сите автори, домашни и странски. – велат од ХДС-ЗАМП -велат од хрватското здружение на композитори, а пренесе 24 Вести.

Со ова песните на бројни балкански музичари ќе бидат забранети за пуштање во македонскиот медиумски етер. Останатите здруженија од регионот се солидаризираа со македонското ЗАМП откако Министерството за култура дозволи формирање на втора организација за заштита на авторски музички права. Второто здружение СОКОМ-МАП предложи пониска тарифа за корисниците на музика со што медиумите, угостителите и операторите би плаќале понизок надоместок. ЗАМП и сродните здруженија велат дека тарифата која е во сила во Македонија е најниска во регионот.

Проблемот е кај надлежните, не е кај ЗАМП. Револтот е оттаму што авторските надоместоци се обезвреднети со предлог Тарифникот од страна на СОКОМ МАП. По забраната на ЗАМП сите колективни организации од регионот констатираа дека предлог Тарифата на СОКОМ МАП е пониска во однос на предлог Тарифата на ЗАМП. – велат од ЗАМП за 24 Вести.

Дел од балканските автори се спротивставија на забраната на ЗАМП и организациите кои ги застапуваат. А македонксите музичари се поделени.