Заборавете на богатите тинејџери, тука се бебињата на милијардерите

Сподели со своите пријатели

Родителите милијардери често за празниците се наоѓаат во „голем проблем“, што да му подарат на детето ако веќе поседува најквалитетни, најскапи и најдобри играчки и гардероба.

Loading...

Ним не им е проблем да издвојат големи пари за своите најмили кога доаѓа Нова година и Божик, така да тие денови подароците се гламурозни и екстравагантни за степен повеќе.

Во емисијата „Бебињата на милијардерите за Божиќ“ во текот на божиќната вечер, едно двегодишнод евојче од своите родители доби привезок вреден 100.000 фунти кој во себе содржи редок син дијамант, а како дел од подарокот и тематска забава во духот на зимата, за која нејзините родители платиле 15.000 фунти.

Другото девојче добило прстен вреден 40.000 фунти, кој е направен во комбинација со розово злато, дијаманти и ретки бисери во розова боја.

Прославата на Божиќ во домот на Валентин стара 20 месеци, нејзиното семејство го чинело 200.000 фунти, а како што рекла мајка ѝ, не жалеле за парите затоа што во прашање е нивната миленичка принцеза. Тие својата семејна куќа ја претвориле во леден замок, додека Дедо Мраз донел подароци со хеликоптер. За потребите на организирањето ангажирале професионален организатор на забави, чија цена за обичните смртници е мало богатство.

Loading...

Родителите на три момчиња, 5-годишниот Хиго и близнаците Алберт и Руперт кои имаат 4 години, одлучиле на своите момчиња да им направат вистинска празнична забава за паметење. Имено, газдата на фудбалскиот клуб Мајсфилд и неговата сопруга, потрошиле 60.000 фунти за преуредувањето на својата вила во огромна градина од божиќни елки и декорации.

Дкоративен тим кој работел на преуредувањето на вилата, потрошил околу 24 метри гранки од ела, околу 240 метри украсни ленти и 1000 украси за елката. На влезот од вилата поставиле две фигури на чувари, додека околу 50.000 сијалици го осветлуваат домот кога ќе падне ноќ.

Тука сепак не бил крајот на изненадувањата, бидејќи подароците им ги донел Дедо Мраз со хеликоптер.

Марсел Кнобил, консултант во куќата која се занимава со луксузни подароци, вели дека нивната фирма им помага на родителите кои сакаат најдобри и најскапи работи за своите деца, па така во понудата имаат боенка вредна 24.000 фунти и велосипед од 24-каратно злато.

Leave a Reply