За време на полетувањето патник ја отворил вратата на авионот и скокнал надвор

Сподели со своите пријатели

Патник на „Делта ерлајнс“ бил уапсен откако отворил една од вратите на авионот и се лизнал на тобоганот за итен излез додека авионот се подготвувал да полета од Лос Анџелес за Сиетл, јавува Си-Ен-Ен.

Loading...

Инцидентот на летот 1714 на Делта се случил околу 10:40 часот по локално време во саботата додека авионот бил стациониран на меѓународниот аеродром во Лос Анџелес.

Боингот 737 бил на пистата чекајќи полетување кога патник излегол од авионот откако го поставил тобоганот за итни случаи, соопшти ФАА.

Патникот првично бил приведен од персоналот на Делта пред да биде уапсен од локалните полициски сили, се вели во соопштението.

Федералната управа за авијација го истражува инцидентот.