За викенд температурите постепено ќе опаѓаат

Сподели со своите пријатели

Преку ноќта се задржа значително облачно со појава на краткораен дожд во западните делови и во Скопската котлина. Утринава е умерено до значително облачно понекаде со слаб променлив ветер.

Според Управата за хидрометеоролошки работи во времето во текот на денот ќе биде умерено до значително облачно со услови за појава на краткотраен дожд претежно на западот и со слаб југоисточен ветер. Температурата ќе биде во интервал од 21 до 26 степени.

Во Куманово и околината ќе умаме сончево до умерено облачно време со максимална дневна температура од 24 степени.

Продолжува периодот на умерено облачно и топло време со температури кои ќе бидат над просекот за овој период од годината. По одделни котлини ќе има услови за појава на слаба утринска магла. За време на викендот ќе преовладува сончево време, но температурите постепено ќе опаѓаат.

Leave a Reply