Авионското прскање против комарци на територијата на Општина Куманово е одложено за утре, информираат од локалната самоуправа, а како причина, се наведуваат временските услови.
– Поради временските услови, авиозапрашувањето против комарци планирано за 18.08.2021 (среда) беше одложено. На 20.08.2021 (петок), во раните утрински часови на подрачјето на Куманово ќе се изврши авиозапрашување против комарци, информираат од Општина Куманово.
Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, авионската дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни.
Надлежните ги известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.
Никола Ивановски

