Седум литри дожд наврнаа во Куманово во период од шест часа, покажуваат мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи направени во период од 08:00 до 14:00 часот денеска.
– Претпладнево преовладува облачно и свежо време, на повеќе места со врнежи од дожд. Пообилни врнежи има во западните и централните делови од земјава, особено во Пелагонија и Скопската Котлина. Сончеви периоди имаше во крајните западни и источни делови, велат од УХМР.
Наврнат воден талог за изминатите 6 часа од 8 до 14 часот (во л/м 2 )
46 Прилеп
37 Скопје-З.Рид
36 Битола
34 Скопје-Петровец
24 Претор, Крушево
18 Пожаране
15 Ѓуриште
14 Тетово
10 Охрид
7 Куманово
2 Д.Капија
Врнежите ќе продолжат и во попладневните и вечерните часови, а на места ќе биде и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално се уште се очекува поголема количина на воден талог. Намалување на врнежите се очекува во ноќните часови.