Американска професорка Карен Кескула Ухленбек стана првата жена која ја доби Абеловата награда, едно од најпрестижните меѓународни достигнувања во математиката.
Норвешката академија на науки објави дека Карен Кескула Ухленбек од Универзитетот Тексас во Остин е овогодишниот добитник на наградата, која многумина ја гледаат како Нобелова награда за математика, пренесува Ап.
Наградата изнесува шест милиони норвешки круни, односно 704.000 долари.
Жирито навело дека работата напрофесорката е фундаментален труд во геометриската анализа и теоријата на мерките кои драматично ги промениле математичките рамки.
Исто така ја пофалиле како „силен заговорник за родова рамноправност во науката и математиката“.
Наградата за прв пат е доделена во 2003 година во чест на математичарот од 19 век Нилс Хенрик Абел.