За прв пат по десет години Јавното претпријатие „Пазаришта“ од Куманово не бележи загуба, туку добивка од 830 илјади денари.
Ова денеска го истакна директорот на претпријатието Газим Кадриу презентирајќи го тримесечниот извештај за период јануари – март 2023 година.
– Сигурно дека за да се стигне до овој резултат не било лесно, требало да се ангажираме максимално и да работиме чесно со дигнитет и професионално. За овој резултат за кој денес зборуваме во минатото кога ја добив позицијата во претпријатието, вработените, но и луѓе надвор од институцијата не верувале дека ќе го стабилизираме ова јавно претпријатие имајќи го предвид фактот дека „Пазаришта“ врши дејност за самофинансирање со една работа и посветеност стигнавме да покажеме за прв пат позитивни разултати односно позитивно салдо, рече Кадриу.
Зголеми се и приходите од пазарот на стари стоки, каде како што истакна директорот Кадриу, во 2022 година бил остварен приходи од 2,1 милиони денари.
Никола Ивановски