За прв пат кумановец шампион во Ендуро мотоспортот (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Storm Riders Team Kumanovo тим од Куманово, се пласираше на 3то место на подиумот во клубови во Ендуро дисциплина при доделување на наградите за 2021 година во Enduro и Motocross шампионатот на Македонија, од страна наМото федерацијата.

Loading...

Возачите, Андреја Краљевски (Скачка) и Денис Николиќ Гареја од Куманово освоија 3 подиуми и тоа:

 

 

Андреја Краљевски ја освои шампионската титула во Ендуро Е1 класата, а како што велат од клубот, ова е огромен успех за нив бидејки за прв пат имаат шампион од Куманово во мотоспортот.

Денис Николиќ Гареја го освои третото место на подиумот во Ендуро Е1 класата, воедно и подиум од трето место во мотокрос МX2 класата (мотори до 250cc).

 

Loading...

 

Storm Riders Team Kumanovo за 2021 година беше организатор на две ендуро трки од македонскиот шампионат кои се одржаа на добро познатата патека Забел во Старо Нагоричане.

Мото Клубот Сторм Рајдерс Тим Куманово е формиран на 29.8.2019 и брои 14 члена од кои 7 се активни возачи (тркачи).

 

 

Клубот исто така имаше прекрасни резултати во 2020 година беше пласиран на третото место на подиумот во клубови во Ендуро дисциплина, но и покрај овие позитивни резултати клубот досега немаше спонзори.

Loading...

 

Никола Ивановски