Се повеќе се става акцент на еколошки одржливиот начин на живот. Затоа кога ќе одлучите да одите во самопослуга – прво погледнете во фрижидерот.
Можеби ќе имате доволно храна за уште неколку оброци, особено ако паметно ги комбинирате во манџа или чорба.
Исто така, пред да купите гардероба, погледнете што имате во вашиот плакар. За производство на секоја маичка, инаку, се трошат повеќе од 2.000 литри вода.
Модната индустрија произведува 20 проценти од сите отпадни води, а според количината на загадувачки материи што ги испушта, таа е втора по големина во светот (првата е нафтената индустрија).
Покрај тоа, модната индустрија произведува 10 проценти од сите емисии на стакленички гасови, што е повеќе од вкупните емисии на сите меѓународни летови и поморскиот сообраќај заедно.