За помалку од една година, старата куќа ја претворил во дом од соништата (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Џорџ Данет (28) од Шкотска пред две години купил трошна и напуштена камена куќа која ја претворил во својот дом од соништата.

Loading...

На Јутјуб реши да сподели каков е процесот на реновирање, кој, како што вели, траеше подолго и чинеше многу повеќе отколку што мислеше.

Џорџ пораснал во малото шкотско село Кинесавуд, кое се наоѓа на еден час од Единбург. Мала, напуштена двокатна куќа се наоѓала малку подалеку од куќата на неговите родители и била полна со стари делови за автомобили и алати, но Џорџ го видел нејзиниот потенцијал и решил да ја претвори во своја мала оаза.

Од трошна куќа до дом од соништата

Куќата од 37 метри квадратни за која платил приближно 66.000 евра била во трошна состојба – подот бил само нечистотија, покривот во лоша состојба, а куќата немала ниту вода, ниту изолација. Во неа никој не живеел повеќе од 50 години, а претходните сопственици ја користеле куќата како складиште. Го чекаше вистински предизвик.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Влета со багер и ја собра пејачката: Дали е ова најлудата снимка од свадбена веселба? (ВИДЕО)

„Поради староста на зградата морав да зајакнам делови од темелите. Ме чекаше многу работа пред да стигнам до фазата на избор на завеси“, изјави Шкотланѓанецот, кому му се допадна богатата историја на неговата нов дом.

Имено, според раскажувањата на соседите, куќата била поврзана со црквата која одамна била урната, а се верува дека објектот датира од 1700-тите.

Каков бил процесот на реновирање?

По темелно чистење, тој повикал надворешни изведувачи да ја проценат состојбата на куќата, кои наредиле одредени делови од ѕидот да се зајакнат, а стариот камин што бил во куќата да се заштити со штици за обложување. Водечката идеја беше максимално да се искористи малиот простор.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пет навики кои ги практикуваат среќните и поврзани семејства

По поставувањето на цементот, градежниците го подигнаа таванот и додадоа изолација, а работата за поправка на покривот беше доста напорна, што многу го исцеди финансиски. Откако покривот бил готов, поставил светларник, како и нови прозорци на предната страна на куќата и ги наполнил оштетените камења кои биле користени за покривање на надворешната страна на куќата.

Loading...

„Прозорите донесоа природна светлина што го правеше да изгледа како куќа, а не како празна зграда на улица“, рече тој, додавајќи дека поставил дабови подови и ги бојадисал ѕидовите со неговата мајка. И во светли бои за да се создаде впечаток на просторност.

Реновираната куќа се состои од спална и бања на долниот кат и дневна, трпезарија и кујна на горниот кат. На крајот, Џорџ откри во кој момент најмногу се радувал – поставувањето на оградата на скалите во внатрешноста на куќата, со што завршил неговиот страв од можен пад.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Паркинг место во Амстердам се продава за рекордни пола милион евра

Совети за реновирање

Реновирањето на куќата траеше нешто помалку од една година, а целиот проект, вклучувајќи ја и набавката, чинеше околу 185.000 евра . Џорџ сега е горд сопственик на прекрасна куќа и има неколку совети за сите оние кои ќе се решат да се вклучат во сличен проект:

„Очекувајте да потрае подолго и да чини повеќе отколку што мислите. Бев прилично наивен на почетокот на целиот процес“, рече тој.