Поради поместувањето на часовникот и прилагодувањето на летното сметање на времето што ќе ни претстои кон крајот на месецот, телото се прилагодува на малку поинаков дневен ритам.
Во целиот процес важно е се што правиме во текот на денот, а не само она што е директно поврзано со спиењето.
Она што го јадеме може да игра важна улога во прилагодувањето
„Најдобрата храна пред спиење обично се сложените јаглехидрати, протеините, овошјето или зеленчукот, а она што не се препорачува е да јадете многу слатки и да пиете газирани слатки пијалоци“, нагласуваат експертите.
Првиот на листата на добра храна што треба да се јаде пред спиење е овесот. „Исто така, содржи мелатонин и аминокиселина триптофан, која помага да се создаде мелатонин, кој му помага на нашиот мозок да испраќа сигнали до остатокот од телото дека е време да заспиеме“, објасни еден експерт.
Причината зошто триптофанот е толку важен е тоа што му помага на нашите тела да произведуваат хормон серотонин, кој ни помага да се опуштиме. Многу проблеми со спиењето се влошуваат со анксиозност и прекумерна грижа, па затоа треба да му помогнеме на телото да произведе што е можно повеќе серотонин.
Овошјето кое се препорачува за консумирање пред спиење е кивито, а добар избор се и вишните. Од месото се препорачува мисирка.
Следни на листата се млекото и млечните производи. Систематскиот преглед на студиите помеѓу 1972 и 2019 година покажа дека млечните производи помагаат да се подобри квалитетот на сонот.
Експертите издвоија некои други намирници кои се добри за консумирање пред спиење: производи од соја, мрсна риба, бадеми, ореви, чај од камилица, зелена салата, пченка, грозје, јагоди, домати, пиперки, печурки, ориз.