Кога ја зислуваме Клеопатра, некако сме навикнати да замислуваме верзија од Елизабет Тејлор или Софија Лорен, како и Гелена од Трој, таа секогаш се смета за една историска убавица.
Меѓутоа, иако за неа знаеме многу, една работа не ја знаеме – како таа навистина изгледала и дали била вистинска убавица, како што се мисли?
Големи владетелски семејства кои целосно ги уништил инцестот
Пред се, поголемиот дел од историските извори потекнуваат од Римјаните, а со оглед на тоа дека тие Клеопатра не ја сакале, ја осликувале како дама која својата убавина ја користи како политичко оружје.
Плутарх, грчкиот биграф на Марко Антонио, пишувал за векот по смртта на Клеопатра, а споменал и дека таа не била класична убавица, но неодолива ја правеле нејзиниот глас и интелигенција.

Дион Касије Кокејан, римски историчар со грчко потекло напишал дека таа била поим за убавина за своето време, а во прилог и одел прекрасниот глас, како и нејзините „магии“ кои знаела да ги употреби за да им биде привлечна на сите.
Постојат само три скулптури во класичен стил кои покажуваат како би можела да изгледа Клеопатра, како и неколку скулптури кои ја прикажуваат целата фигура во египетски стил. Меѓутоа, проблемот со нив е што прикажуваат целосно различни жени.
На кованиците Клеопатра е прикажана како „мажеста“, а има и специфичен нос. Историчарите веруваат дека таа сакала да ја потретираат со силна вилица затоа што тоа бил знак на сила. Тие кованици настаналво раната фаза од владеењето на Клеопатра, а дизанирани се така да изгледаат како монети од Птоломејското владеење, а главна карактеристика на секој владетел била да има голем нос.


