Емоционалното прејадување секогаш доведува до вишок килограми, а тоа е токму проблемот со кој се соочила Изабел Одет (23) од Канада.
Кога ја изгубила својата куќа поради поплавата, Изабел започнала да јаде неконтролирано. Се обидела да го потисне стресот од губење на покривот над главата со големи количини на нездрава храна.
View this post on Instagram
– Јадев на нервна база, а во врската во која бев во тоа време, се чувствував премногу опуштено. Јадев сè, каде и да одев, и тоа доведе до сериозно зголемување на телесната тежина – вели Изабел.
Иако слушала ужасни коментари од други луѓе, нејзините родители ја увериле дека не треба да обрнува внимание на тоа.
View this post on Instagram
Дури и младиот маж со кој се забавувала во тоа време, не чувствувал потреба да и го привлече вниманието да се грижи за своето здравје.
Од една страна, обвиткана во отсуство на отворени критики од најблиските, а од друга, депресивна секој пат кога ќе застане пред огледалото, Изабел не сторила ништо за да ослабе и за своето здравје.
View this post on Instagram
Како што сподели во еден пост на Инстаграм, кога отишла во Шпанија на одмор во 2016 година и се фотографирала таму, се чувствувала ужасно.
Кога стапнала на вагата, имала што да види – тежела 101 килограм!
View this post on Instagram
Дури тогаш, вели таа, сфатила дека има сериозен проблем, решила да „пресече“ со нездрави навики и засекогаш да се ослободи од вишокот килограми.
Таа ја елиминирала брзата храна и внесувала овошје, зеленчук, бело месо и житарици во нејзината исхрана. Во исто време, таа започнала да вежба и била упорна во тоа. Таа знаела дека 80 проценти од витката линија е стекната со промена на навиките во исхраната, а 20 проценти благодарение на физичката активност.
View this post on Instagram
За една година, Изабел успеала да „стопи“ 50 килограми вишок. Таа вели дека не и било лесно, дека патот на трансформација бара многу жртви, но – се исплател.
– Никој нема да го стори тоа за вас, мора да најдете внатрешна сила и мотивација и да истраете. Сега гледам сосема поинаква јас во огледалото. Облеката совршено ми одговара, имам повеќе енергија и поголема самодоверба – гордо вели таа.
View this post on Instagram
За неа здравата исхрана е прашање на животен стил. Таа е среќна што споделува совети на својот Инстаграм профил и им дава поддршка на сите оние кои сакаат да се ослободат од вишокот килограми и да станат поздрави.
– Пијте вода наместо сок или газирани пијалаци. Кога сакате да јадете нешто слатко, јадете јаболко или портокал. Најважно е да најдете урамнотежено и да го слушате вашето тело – вели Изабел.
View this post on Instagram