За една недела полицијата казни 182 возачи во Куманово

Сподели со своите пријатели

За една недела кумановската полиција напишала 182 казни на возачите, најмногу поради пребрзо возење.

Loading...

– Во текот на изминатата недела СВР Куманово продолжи со акциски контроли во областа на сообраќајот. На подрачјето на Куманово изречени се вкупно 182 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 62 санкции, 6 санкции за возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол, велат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Меѓу казните имало и 22 за управување возило без возачка дозвола, 7 за нерегистрирано возило, 68 за некористење заштитен шлем-кацига

Акциските контроли, како што посочуваат од кумановската полиција, продолжуваат и во наредните денови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Tрибина и евидентирање за скрининг мамографија денеска во Куманово

– Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, стои во соопштението.

Никола Ивановски