Вкупно 306 нови случаи позитивни на коронавирус се регистрирани во Куманово (заедно со Липково) во текот на изминатата недела.
Во истиот период битката со вирусот ја загубија 15 лица.
Најмногу нови случаи за еден ден се регистрирани во четврток, вкупно 58 лица, додека најцрн ден од изминатата недела според бројот на починати е среда, кога како последица од компликации предизвикани од Ковид-19 починале четири лица.
Најмлададта жртва на Ковид-19 имала 57 години, а највозрасната 95.
Вкупно 133 кумановци починале од почетокот на епидемијата како резултат на компликации со вирусот.
Од почетокот на пандемијата во Куманово се регистрирани вкупно 3.738 случаи позитивни на коронавирусот со што е на третото место во државата според бројот на заразени.
Од вкупната бројка на заразени, во овој момент активни се 943 случаи, а пред Куманово се само Тетово, Прилеп и Скопје.
Сепак процентот на заразени во Куманово според глава на жител, спроедбено со другите градови во државата е помал, со што Општина Куманово е на 12то место, а претходат и многу помали градови како Дојран, Ресен, Берово, Скопје, Свети Николе, Штип, Дебар, Тетово, Гостивар, Демир Хисар и Струга.
Куманово има 5,2 проценти заразено население, додека тој процент во Струга која е рекордер е дури 9,02 отсто.
Досега оздравени во Куманово се вкупно 2.662 од лицата кои биле позитивни на вирусот.
На ниво на државата од почетокот на епидемијата се регистрирани 61.543 случаи, од кои во моментот се активни 21.412 лица. Излекувани се 38.400, а починати 1.731 пациент. Стапката на излекувани изнесува 62,4%, а на смртните случаи 2,81%.
Никола Ивановски
Извор: Министерство за здравство и gdi-sk